Објавено на 25 Април, 2016 во Вести, До 17 год жени
Женската репрезентација на Македонија до 16 години забележа нова победа во рамките на УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Скопје. Нашите млади фудбалерки со 3:2 ја совладаа селекцијата на Луксембург
Избраничките на селекторот Тоше Нацев одиграа нов одличен меч, овој пат против селекцијата на Луксембург која немаше сили да и се спротистави на нашата селекција. Теодора Димоска продолжи да ги тресе противничките мрежи, во 25. минута од натпреварот погоди за 1:0. Сара Граматикова во 35. минута успеа да го зголеми нашето водство на 2:0. Противникот успеа за момент да се врати во игра, во 40. минута Грифина погодува за намалување на предноста на нашите фудбалерки. Прашањето на победникот во натпреварот од второто коло на УЕФА развојниот турнир го реши Теодора Димоска со уште еден нејзин погодок во 49.минута. Противникот до крајот на средбата успеа само да го намали резултатот, конечните 3:2 ги постави Грифин во 62.минута.
МАКЕДОНИЈА: Суарта Речи, Сара Граматикова, Теодора Ѓорѓиевска, Ивана Биневска, Теодора Бумбароска, Јулија Живиќ, Теодора Димоска, Драгана Гегова, Јована Ѓорѓиоска, Марија Белистојаноска, Рабија Дервиши; Селектор: Тоше Нацев
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....