Објавено на 21 Октомври, 2021 во А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија ја забележа првата победа од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година.
Македонија славеше со убедливи 4:1 над аутсајдерот во групата, селекцијата на Летонија.
Рочи рано во 9. минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Андонова во 28. минута. Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот и за момент да ја врати неизвесноста во мечот. Стрелец на погодокот беше Баличева.
Во продолжението од средбата, избраничките на Кирил Изов постигнаа уште два погодоци. Максути погоди во 51. минута за убедливи 3:1. Конечните 4:1 ги постави нашиот капитен и најдобар играч, Андонова. Воедно тоа беше и вториот гол на денешната средба за фудбалерката на Леванте.
МАКЕДОНИЈА: Лековска, Чубрина, Положани, Милеска, Николовска, Шемсовиќ, Мустафа, Салихи, Андонова, Максути, Рочи;
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....