Женска А репрезентација на Македонија: Нов пораз од Косово

Објавено на 01 Ноември, 2023 во Вести, А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија забележа нов пораз од Косово, овој пат на гостински терен во рамките на третото коло од групата 5 во Лигата на нации.

Избраничките на селекторот Кирил Изов и овој пат немаа одговор на добрата игра на противник, кој славеше сосема заслужена победа. Женската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во досегашните три одиграни квалификациски натпревари од Лигата на нации.

Косово одигра фуриозно прво полувреме, во кое успеа да го потврди победникот на денешната средба. Халилај во 7. минута од пенал ја донесе својата репрезентација во водство со 1:0. Во 14. минута беше веќе 2:0. Стрелец на вториот погодок беше Мемети. Бикај во 34. минута постигнува погодок за убедливи 3:0. Цоклеска во 90. минута само ја намали предноста и ги постави конечните 3:1.

Македонија: Комненова, Петкова, Коларовска, Милчевска, Ефтинџиовска, Шемсовиќ, Мустафа, Рочи, Марковска, Максути, Петрушевска;

Селектор: Кирил Изов;



   
   
А репрезентација