Објавено на 03 Април, 2023 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Албанија и Црна Гора.
Првата контролна пресметка ја играме против Албанија, во Елбасан, на 7. април.
Три дена подоцна, во Подгорица ќе одиграме меч против Црна Гора.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов, за претстојните контролни натпревари, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Лина Самарџиевска (Шведска);
Одбрана: Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Викторија Недева (Хајдук,Хрватска), Ана Милчевска (Сараево, БиХ), Христина Јошевска (Љуботен), Елена Панеска (Каменица Саса), Александра Јовановска (Истатов Кул), Катерина Петкова (Истатов Кул), Јована Павловска (Деспина);
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса), Сара Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);
Напад: Гентијана Точи (Купс, Финска), Теа Божиновска (Риека, Хрватска), Јулија Живиќ (Сплир, Хрватска), Марјана Нацева (Борусијам Германија), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);