Објавено на 23 Август, 2021 во Вести, А репрезентација жени
За претстојниот натпревар, селекторот Кирил Изов се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
МАКЕДОНИЈА: Павлинка Николовска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Елена Панеска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Викторија Панчурова (ЖФК ТИВЕРИЈА), Теодора Димоска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Ане Бошеска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Афродита Салихи (ЖФК ЉУБОТЕН), Јулија Жифиќ (ЖФК Љуботен), Јилза Максути (ЖФК АСС УНИТЕД), Суарта Речи (ЖФК АСС УНИТЕД), Положани Синдис (ЖФК АСС УНИТЕД), Теодора Јанковска (ЖФК ДЕСПИНА), Јана Чубриноска (ЖФК ДЕСПИНА), Катерина Милеска (ЖФК ДЕСПИНА), Радица Чонева (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Кристина Петрушевска (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Александра Марковска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Елена Петровска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Драгана Гегова (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Рабија Дервиши (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Хава Мустафа (ЖФК ШКЕНДИЈА 2014);
„ Се наоѓаме на неполн месец пред стартот на новите квалификации каде што во првиот дуел ќе ги одмериме силите со Англија во Саутемптон. Натпреварот со Босна и Херцеговина е еден вид на генералка пред почетокот на квалификцискиот циклус. Повикани се исклучиво фудбалерки од домашното првенство, со оглед на тоа што овој натпревар не е во рамките на УЕФА терминот и нема да можеме да сметаме на интернационалките, што преставува проблем за нас. Меѓутоа ќе дадеме се од себе, ќе собереме сили за да се спротивставиме на силниот противник, и се надевам дека во Зеница ќе успееме да избориме позитивен резултат." - изјави Кирил Изов.