Објавено на 03 Октомври, 2015 во До 17 год жени
Македонија и Босна и Херцеговина одиграа нерешено со резултат 1:1 на стадионот Борис Трајковски во н. Маџари. Репрезентацијата на Босна поведе на овој дуел со голот на Ајла Мехмедовиќ во 40`. Во продолжението автогол кај противникот постигна Маја Тејиќ во 50`. На вториот натпревар од нашата група кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски" Италија славеше убедливо со 5:0 над селекцијата на Северна Ирска.
По одигрувањето на последните натпревари од првата квалификациска фаза за Европското првенство за жени до 17 години во Скопје пласман во елитната фаза обезбедија Италија и Северна Ирска. Во групата 5 од УЕФА квалификацискиот турнир според очекувањара Италија забележа три победи и освои максимални бода. Второто место и припадна на селекцијата на Северна Ирска која освои 4 бода и успеа да обезбеди пласман во елитната фаза на квалификации.
„Сакам да им честитам на моите фудбалерки кои прикажаа добра игра на сите три натпревари. Бевме подобар противник од репрезентацијата на Босна во текот на целиот натпревар, но повторно среќата не беше на наша страна. Пропуштивме неколку одлични можности за постигнување погодок но не успеавме да ги реализираме.
Ова за нас претставува едно големо искустов од кое се надевам дека ќе станеме посилни.", изјави селекторот на младата женска селекција, Кирил Изов
МАКЕДОНИЈА - БиХ 1:1 (0:1)
(1:0 Ајла Мехмедовиќ 40`; 1:1 Maja Tejиќ афт. гол 50`;)
МАКЕДОНИЈА: 1. Евгенија Крстеска 2. Ана Благонова 3. Теодора Ѓорѓиевска 16. Моника Котева 18. Теодора Бумбароска 4. Ивана Биневска 6. Марија Белистојаноска 7. Елма Шемшовиќ 8. Теодора Димоска 10. Јана Чубриновска 11. Улза Максути;
БиХ: 1. Рузица Микиќ 18. Степана Пендеш 15. Маја Тејиќ 4. Дејана Ќосиќ 6. Алја Мехмедовиќ 7. Минела Гачаница 10. Вилдана Ходзиќ 13. Вина Црноја 8. Мерјема Медиќ 9. Ламија Ровчаниќ 14. Миа Кулјанин;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....