Објавено на 20 Јуни, 2014 во Вести, До 17 год жени
Иако освоивме само бод, во конкуренција на соодветните репрезентации на БиХ, Азербејџан и Црна Гора, нашата репрезентација покажа одлична игра и огромна желба за напредок.
Со оглед на тоа што ова е прв собир на оваа селекција во 2014 година, овие три натпревари ни послужија за да видиме со каков потенцијал располагаме пред наредните предизвици и октомвриските квалификации. Сите повикани фудбалерки ги оправдаа моите очекувања, резултатите на овој развоен турнир беа во заден план. Целта ни беше да се даде шанса на што повеќе фудбалерки како би можеле да се здобијат со потребното искуство и да им ги пронајдеме вистинските позиции во тимот. Ако ги тргнеме почетните 20 минути од првиот натпревар против Црна Гора, каде што влеговме во грч, на сите други натпревари девојките покажаа една борбена и пожртвувана игра, успеавме да го намачиме фаворитот и освојувачот на првото место на турнирот - Азербејџан, додека на третиот натпревар ни недостасуваше и спортската среќа за да упееме да ги победиме Босанките. Овој турнир ги исполни моите очекувања во целост. Сите репрезентативки во наредните месец ипол до развојниот турнир во Србија добија инструкции за индивидуални подготовки и се надевам дека во август ќе корегираат недостатоците од аспект на физичка подготовка, и дека во Србија оваа репрезентација ќе ја забележи и својата прва победа - изјави селекторот Кирил Изов.
За турнирот во БиХ беа повикани следните фудбалерки: Викторија Панчурова, Јована Спасовска, Сара Петровска, Елма Шемшовиќ, Јана Чубриновска, Билјана Китанова, Елена Петровска, Тамара Јанковска, Николина Трајковска, Павлина Николовска, Весна Таневска, Магдалена Лековска, Мила Талевска, Улза Максути, Милена Стефановска, Ивана Илијоска, Симона Јанкуловска, Анастасија Митревска, Александра Симоновска и Сара Хусеин.
Натпреварите завршија со следните резултати:
Македонија - Црна Гора 1 - 3
Азербејџан - Македонија 2 - 1
Македонија - БиХ 0 - 0 (13 - 14 на пенали)