Објавено на 22 Мај, 2016 во Вести
Сосема очекувано, ова беше една од најуспешните сезони на Железарец, со 26 победи и само еден нерешен натпревар, па првото место на табелата го осигураа со дури 26 поени предност над второпласираниот Шкупи 1927.
- Ова е втора титула за мене како тренер на Железарец. Ова беше долга сезона за играчите и за стручниот штаб. Прво ќе се одмориме и ќе видиме што ќе ни донесе ждребот на 8ми јули во Нион. Откако ќе го видиме рангирањето на Железарец, кое ќе ја одреди позицијата, во вториот или третиот шешир, ќе започнеме со планирање на активностите за планирање на настапите во футсал лигата на шампиони. Ќе одиме чекор по чекор, посакуваме можност за настап во фајнл фор, минатата година стигнавме многу блиску, сите во клубот се надеваме дека ќе не послужи спортска среќа и дека оваа година ќе ја израдуваме целата македонска спортска јавност со настап меѓу најдобрите четри екипи во Европа - изјави тренерот на Железарец, Иван Божовиќ.
- Им ја честитам титулата на Железарец и им посакувам се најдобро во европските настапи. Во последните неколку години Железарец е неприкосновен во македонското првенство, и сметам дека би било добро да се појави екипа со подобар квалитет која би можела да им парира, со што првенството би било по интересно. Што се однесува до сезоната, има мала измена во однос на претходната, со тоа што ќе се играат два бараж натпревари за влегување во првата лига, во ооднос на досегашниот еден. На 29. мај во Битола ќе се одигра и финалето на купот, кое ќе претставува своевидна реприза на минатогодинешното, бидејќи повторно ќе се сретнат Железарец и Јувентус Серава. Сакам да ја искористам оваа прилика да им посакам среќа на двете екипи - изјави Славе Крстев, претседател на футсал комисијата на ФФМ.
По завршување на денешниот последен натпревар од 27 коло за натпреварувачката 2015/16 сезона, пехарот за освојување на првата футсал лига на КМФ Железарец им го додели генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....