Завршни натпревари меѓу репрезентациите од Општинските фудбалски сојузи

Објавено на 20 Мај, 2015 во Вести

Финалните натпревари за репрезентациите од Општинските фудбалски сојузи ќе се одиграат на 20. и 21. мај на Градскиот стадион во Велес.

Распоредот на натпреварите ќе се утврди со извлекување. Репрезентациите на ОФС Битола, ОФС Пробиштип и ОФС Тетово денеска од 16.00 часот ќе одиграат мини турнир (секој со секого) од по едно полувреме за пласман од третото до петтото место. Финалниот натпревар меѓу репрезентациите на ОФС Прилеп и ОФС Скопје ќе се одигра на 21. мај (четврток) со почеток од 17.00 часот.




   
   
А репрезентација