Објавено на 07 Јуни, 2015 во Втора МФЛ, Вести
Љубанци оствари убедлива победа со 0:3 на вториот бараж натпревар против Велешта кој се одигра на градскиот стадион во Прилеп. Првото полувреме заврши со 0-1 за Љубанци, а водечкиот гол го постигна Аргировски Дончо во 12-та минута. Во второто полувреме, Љубанци го зголеми водството со гол на Јанчевски Бобан во 70-та минута за 0-2 и Аргировски Дончо во 77-ма минута за 0-3. Љубанци издвојуваше убедлива победа и на првиот бараж натпревар против Велешта со 4:1, и со денешната победа го обезбеди влезот во Втората Македонска Лига.
Велешта – Љубанци 0:3 (0:1)
Велешта: 1. Сула Таулант 2. Насуфи Илирид 3. Исаку Бесарт 4. Анруши Ермин 5. Хани Ветон 6. Жута Генци 7. Шеји Самед 8. Хани Фартам (Бектеши Бљертон) 9. Насуфи Анди 10. Леброски Анастас (Шеји Илир) 11. Купа Неби (Чолески Маријан)
Љубанци: 1. Божиновски Ивица 2. Блажев Кристијан 3. Шишков Мартин 4. Колеќески Филип 5. Лазаревски Дарко (Божинов Александар) 6. Аргировски Дончо 7. Галовиќ Благоја 8. Жепчески Кузман (Насевски Иванче) 9. Митев Роберт 10. Тасески Зоран 11. Јанчевски Бобан (Тапчановски Цветко)
ФК БЕЛАСИЦА – ФК ПОБЕДА 1:1 (0:0)
БЕЛАСИЦА: Мишовски, Петров, Чачев, Костовски, Цонев, Глигоров (Грбашлиев), Петков (Мижоров), Митевски, Костадинов (Падешки), Коцев, Донев
ПОБЕДА: Јованоски, Колевски, Мегленски, Вељаноски, Аломеровиќ, Мирчески И. (Здравевски), Карчески, Ацески (Николов), Мирчески Ф. Митревски, Шаркоски (Чешелковски)
Жолти картони: ФК БЕЛАСИЦА (Костадинов, Костовски, Падешки), ФК ПОБЕДА (Аломеровиќ, Карчески)
На градскиот стадион во Штип гостинската екипа на ФК Зајази не се појави, ниту до 16.30 часот. Не беше доставена никаква официјална информација за попреченост на пристигнување на екипата, додека домаќините, ФК Еуромилк уредно се појавија два часа пред закажаниот почеток на натпреварот.
Последниот збор во врска со овој натпревар ќе го има натпреварувачката комисија на ФФМ.