Завршена првата фаза од Еразмус проектот за спорт и претприемништво

Објавено на 28 Декември, 2020 во Вести, Семинари


Еразмус проектот кој што го спроведува ФФМ заедно со  Фудбалската асоцијација на Словенија, Фудбалската асоцијација на Азербејџан, ФИБА Европа, Стопанската комора на Шпанија и невладината организација ТДМ од Италија наречен „Спорт и претприемништво“ влегува во втората фаза на реализација.

Целта на проектот е да се зголемат капацитетите за вработување на професионалните фудбалерите по завршувањето на нивната играчка кариера. Проектот ќе ги зајакне капацитетите на спортистите за вработување, со тоа што ќе се развиваат  нивните претприемачки вештини и компетенции и ќе им овозможи можност за покомпетентно започнување на втора кариера после спортската. 

Развојот на овие вештини би се правел преку едукативен процес прилагоден на нивните индивидуалните потреби, земајќи ги во предвид: возраста, спортот со кој се занимаваат, нивото на развој во кариерата и финансиски статус.

Пред да се создадат материјалите за тренинг и поддршка на спортистите се утврдија нивните потреби и можности преку задавање на прашалник во земјите учеснички. Со прашалникот беа опфатени 400 професионални и полупрофесионални спортисти. Врз резултатите од истражувањето ќе се темелат следните фази од проектот.

Во прашалникот од истражувањето  играчите беа прашани за нивните ставови во поглед на нивната втора кариера.

Од вкупно 400 спортисти, 328 спортисти го одговорија прашалникот целосно и тие одговори беа анализирани.

  • Испитаници кои целосно го одговорија прашалникот беа од Словенија (37%; 122 испитаници), Македонија(32%; 106 испитаници) и Азербејџан (18%; 60 испитаници).
  • Мажи (83%; 273 испитаници),
  • Возраст 16-30 години  (89%; 293 испитаници),
  • Мнозинството (58%; 135 испитаници) беа вработени со полно работно време и плаќани од своите клубови за тоа (73%; 240 испитаници).

Прашалникот беше креиран со цел да се добие мислење од младите играчи за нивната кариера после дипломирањето. 

Резултатите од прашалникот покажуваат дека играчите се заинтересирани да станат предприемачи (без разлика дали станува збор за професионалци кои организираат социјални и едукативни програми во непрофитни организации, предприемачи кои инвестираат во startups или создаваат иновативни производи, сервиси и технологии). Играчите може да имаат корист во овие области од нивните вештини како: дисциплина, тимска работа, трпение, почит и истрајност за време на претприемачките активности.

Земајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, се препорачува играчите да се обучуваат за предприемаштво. Целта е да им се обезбеди алтернативна кариерна можност после нивната фудбалска кариера или можност да ги развијат своите вештини за приоѓање на спортот од бизнис перспектива уште додека се фудбалери. Играчите ја ценат ментотската поддршка во нивната пост-фудбалска кариера и се волни да посветат време за едукација во предприемништво. Да се биде предприемач не е само можност да се заработат пари од економска гледна точка, но и можност за професионален развој-што представува клучен мотивационан фактор за учество во едукативни програми.

Во извештајот од истражувањето ќе ги најдете следните информации:

  • Општи информации за проектот и неговите цели
  • Методологијата која се користи во проектот,
  • Резултати од прашалникот,
  • Анализа на тие резултати,
  • Заклучоци и препораки. 

Целосниот извештај од истражувањето ќе го најдете на следниот линк:  https://www.sportent.org/survey




   
   
А репрезентација