Завршен турнир во ДЕТСКИ ЛИГИ 2016/17 и изложување на Супер Куп трофејот

Објавено на 23 Мај, 2017 во Вести


На 24. и 26. мај 2017 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги за сезоната 2016/2017. На истиот учество ќе земат 48 екипи кои ќе бидат поделени во шест возрасни категории – генерација играчи родени 2004, 2005, 2006, 2007, 2008 и 2009. Во секоја од овие генерации ќе се натпреваруваат по осум екипи каде на денот на отварањето ќе се одиграат елиминационите натпревари и полуфиналните натпревари, додека во петок 26. мај се предвидени натпреварите за третото место и финалните пресметки.

Активностите ќе се одвиваат распоред во продолжение : 

Распоред ДЛ Завршен Турнир 24-26 05 2017(прилог 1).pdf 

Следува и распоредот на натпревари: 

Распоред на натпревари(прилог 2).pdf 

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот да бидат дел од фудбалскиот фестивал. 

Изложувањето на Супер Куп трофејот започнува во 10:30 часот. 



   
   
А репрезентација