Завршен турнир од првата сезона од проект за училишен фудбал

Објавено на 31 Мај, 2018 во Вести


Во петок (01. Јуни 2018.) ќе се одиграат завршните натпревари и ќе бидат прогласени победниците во првата сезона од проектот за училишен фудбал „Фудбал сега, фудбал насекаде“ -  Новиот проект на Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на Училишен спорт на Македонија, а поддржан од УЕФА им овозможува на децата од основните училишта да бидат дел од спортски настани и проекти наменети само за нивната возрасна категорија.

Во првата сезона се организираа училишни и општински натпревари, а победниците ќе се промовираат на завршниот турнир. Во првата фаза се вклучија 11 градови од нашата држава, или 44 општински училишта. Во одиграните  950 училишни натпревари учествуваа повеќе од пет илјади ученици, меѓу кои повеќе од илјада девојчиња на 475 настани. Во изминатите три месеци беа организирани 88 натпревари меѓу различни училишта на 22 настани.

Завршниот турнир ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а ќе учествуваат 22 екипи победници во своите општини. За награди и признанија ќе се натпреваруваат околу 350 деца учесници во две категории на осум мини терени.

Распоред за завршен турнир – 01. Јуни (сабота), тренинг центар „Петар Милошевски“

10:00 часот – Пристигнување и поставување на екипите

10:15 часот – Отворање на завршниот турнир

10:30 – 12:30 часот – Натпревари по групи

13:20 часот - Натпревари за трето место и финални натпревари

14:15 часот – Прогласување на победници и доделување на награди

Во продолжение учесниците и распоредот на завршниот турнир:

Учесници и распоред за завршен турнир Училишен фудбал (2).pdf 



   
   
А репрезентација