Објавено на 14 Јануари, 2019 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија ги известува сите заинтересирани страни дека од утре, 15. јануари 2019. година започнува зимскиот преоден рок. Преодниот рок завршува на 11. февруари 2019. година. Во овој период клубовите можат да ги поднесат своите барања за сертификати за играчи кои доаѓаат од странство.