Започнува реализацијата на Програмата - Субвенции од областа на спортот за 2024 година

Објавено на 04 Ноември, 2024 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите за почетокот на реализацијата на програмата - субвенции од областа на спортот за 2024 година која се реализира преку Министерството за спорт. 

Во продолжение може да ги преземете потребните обрасци за односната програма. Истите е потребно да се пополнат и заедно со бараните прилози, потребно е да се достават до Министерството за спорт најдоцна до 14. ноември 2024 година.

Допис до НСФ - Субвенции 2024.pdf 

Образец КЛУБОВИ Субвенции 2024.doc 

Доставените пополнети обрасци и бараните прилози се сметаат за предуслов кој се однесува на започнување на постапката за утврдување на исполнетоста на критериумите за распределба на средствата од Програмата.

Исполнетоста на критериумите ги утврдува Министерството за спорт.

Корисниците на средствата кои не ги исполниле односните критериуми или пополнетите Обрасци и прилози ги доставиле надвор од предвидениот рок, нема да бидат земени предвид при распределба на предметните средства.

Динамиката на исплата на средствата ќе се одвива по утврдувањето за исполнетоста на критериумите од страна на Министерството за спорт по тековен принцип, а не кумулативно. Ова значи дека за корисниците кои први ќе ја достават потребната документација и за кои се утврдило дека ги исполниле критериумите, веднаш ќе започне постапката за исплата на средствата.




   
   
А репрезентација