Започнува новата сезона во МФЛ - сите натпревари на tv.ffm.mk

Објавено на 05 Август, 2016 во Вести, FFM-Newsletter


Во недела од 17:30 започнува новата сезона од Македонската фудбалска лига. Пелагониското дерби Победа - Пелистер и Брегалница - Ренова се натпреварите кои започнуваат во неделниот термин од 17:30 часот. Актуелниот првак Вардар на стадионот „Младост“ во Струмица во 20:00 часот е домаќин на Шкупи, додека пресметката меѓу Шкендија и Силекс е закажана во понеделник од 17:30 на Градскиот стадион во Тетово. Натпреварот Македонија Ѓ.П. - Работнички ќе се одигра в среда (10.08.2016) со почеток во 17:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

Сите натпревари од Првата фудбалска лига можете да ги гледате во директен пренос на ТВ платформата на ФФМ, tv.ffm.mk


Новата сезона во Втората македонска фудалска лига започнува идниот викенд, на 13. август во 17:30 часот се играат натпреварите: Неготино - Академија Пандев, Љубанци - Скопје, Еуромилк - Новаци, Металург - Тетекс и Хоризонт - Велазерими.

На ТВ платформата на ФФМ, tv.ffm.mk исто така ќе бидат овозможени директни преноси од сите натпревари на екипите од Втората лига.








   
   
А репрезентација