Објавено на 08 Август, 2020 во Прва МФЛ, Вести
Со натпреварот помеѓу ВАРДАР и БОРЕЦ денеска од 17:30 часот започнува новата сезона од Македонската Прва фудбалска лига.
Премиерниот дуел од Националната арена “Тодор Проески”, ќе се емитува низ директен пренос на МТВ и Арена Спорт.
Преостанатите натпревари од воведното коло ќе се одиграа в недела, а двојките се:
ШКУПИ - ШКЕНДИЈА / МРТ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. - РАБОТНИЧКИ / tv.ffm.mk
БЕЛАСИЦА - СИЛЕКС / tv.ffm.mk
ПЕЛИСТЕР - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ / tv.ffm.mk
РЕНОВА - СТРУГА Т.Л. / tv.ffm.mk
Фудбалската федерација на Македонија им посакува многу успех и среќа на сите тимови во новиот предизвик од натпреварувачката сезона 2020/2021.
Како Фудбалска федерација немаме сомнеж дека сите екипи ќе го почиваат начелото за фер-плеј игра и почит кон сите учесници во натпреварите.
Истовремено, изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19.
Борете се за победа на вашиот клуб и почитувајте го противникот.
Нека е со лесно новиот почеток на Македонската Прва фудбалска лига.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....