Започна ТВ проектот на ФФМ - Куќа на Фудбалот

Објавено на 23 Февруари, 2016 во Вести

Погледнете го разговорот со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски во првото издание од емисијата „Куќа на фудбалот“.

Погледнете го разговорот со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски во првото издание од емисијата „Куќа на фудбалот“.

Во интервјуто Ѓорѓиоски говори за состојбата во А репрезентацијата на Македонија, инфраструктурните проекти, односот со Дарко Панчев, организацијата на Суперкуп натпреварот 2017 и многу други теми поврзани со развојот на македонскиот фудбал. Во продолжение клучните поенти од разговорот со Илчо Ѓорѓиоски.

“Бев свесен за состојбата во која се наоѓа македонскиот фудбал. Причината за состојбата во која денеска се наоѓа А репрезентацијата е смената на генерации. Една од главните причини е непосветеноста на младинскиот фудбал во минатото и неможноста за создавање квалитетни фудбалери кои ќе ни донесат резултат. Но, не бегаме од одговорноста. Се обидуваме да направиме чекори за да ја подобриме состојбата во А националниот тим. Јавноста секогаш не гледа низ призма на А репрезентацијата. Мораме да бидеме задоволни од резлутатите на останатите селекции, пред се од репрезентацијата до 21 година и селекциите до 19 и 17 години“

„Очекувам дека ќе имаме многу попозитивни резултати во следните квалификации, без разлика на силните противници во групата. Шпанија и Италија се апсолутни фаворити, би бил задоволен доколку се пласираме пред Израел и Албанија. Ние сме сервис на А репрезентацијата, како федерација создаваме услови за нормално функционирање на репрезентацијата. Се обидуваме да им ги овозможиме најдобрите услови, секако не ги забораваме и останатите селекции„

„Ме поврзуваа и со Чеде Јаневски и со Бошко Ѓуровски, сега и со Игор Ангеловски. Нормално е да разговараме на фудбалски теми. За што друго ако нѐ за репрезнтацијата? Се знае кој ја носи одговорноста за резултатите, селекторот е тој чиј збор е последен. Споделуваме мислења, но на крајот селекторот е тој кој го има главниот збор околу тимот“

„Дарко Панчев и сите останати фудбалски легенди не задолжиле со игрите во минатото. Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш е отворена за нив. Имаат отворена покана, подготвени сме да разговараме доколку на вистински начин сакаат да придонесат да ги подобрите состојбите во македонскиот фудбал“

„Направивме десет терени со вештачка трева, создадовме услови за тренажен процес на клубовите за младинските категории. Со новата програма на Уефа го реализираме проектот за реконструкција на четири стадиони во најголемите фудбалски центри во Македонија. Во блиска иднина ќе добиеме пет стадиони на кои ќе може да се играат репрезентативни натпревари“.

„Добиената доверба за организација на европскиот Суперкуп во 2017 година не е само моја заслуга. Лобирањето е многу важно, но голема заслуга за Суперкупот на Уефа имаат Општинските сојузи, Градот Скопје, администрацијата во ФФМ и државните институции. Од настанот кој го следат милиони луѓе сите во нашата држава ќе имаат бенефит“

„По комплетна анализи на терен во последните две години произлезе потребата за промена на системот за натпреварување во МФЛ, почнувајќи од Првата лига која ќе биде со четирикружен систем и поделба на Втората лига на источен и западен регион. 

Комплетната емисија можете да ја погледнете на следниот линк:


   
   
А репрезентација