Објавено на 01 Јуни, 2015 во Вести
Ова за ФФМ е јубилеен 20-ти курс по ред во кој свое учество ќе земат вкупно 45 идни македонски тренери. во првиот дел од курсот предвидени се теоретски презентации од областа на методика и организација на тренинг во млади категории, психологија во фудбал со млади играчи, превенција на спортски повреди, структура на тренинг, додека на практичниот дел предвидено е приказ на принципи на тренирање и моделирање на тренинг според возраста која се тренира.
Првиот дел од курсот завршува на 6 Јуни, кога тренерите ќе ги добијат своите задачи за практичниот испит во втроиот дел од курсот.
Во оваа група на тренери помеѓу другите се и неколку наши репрезентативци како Александар Митрески, Грнчаров Бобан, Деспотовски Филип, Нурединовски Един, Ардијан Нухији.
„Радува фактот што групата е составена од голем процент на млади тренери меѓу кои има и врвни фудбалери со интернационални кариери, кои сакаат своето знаење да го продалбочат и во делот на тренерската струка, а секако дека ние сме тука да им помогнеме во тој аспект. Очекувам оваа како и последните неколку генерации на тренери кои посетија УЕФА Б курс да бидат носители на новиот тренд на тренинрање млади фудбалери што ќе доведе до зголемување на квалитетот како во нашите лиги така и во националните репрезентации.“ - изјави Небојша марковски, Директор на Центарот за Едукација на ФФМ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....