Објавено на 05 Март, 2021 во Вести
Изградбата на Градскиот стадион во Штип е еден од врвните приоритети за нас. Заедно со УЕФА и општина Штип во следниот период ќе изградиме репрезентативен стадион кои ги исполнува сите критериуми за одигрување на меѓународни клупски и репрезентативни натпревари. Како еден од нашите најголеми фудбалски центри, градот и фудбалскиот клуб Брегалница ја заслужува сета поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.
Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот. Подобрувањето на фудбалската инфраструктура е еден од клучните делови во работењето на ФФМ и за многу кратко време ја менуваме сликата на стадионите во нашата држава. Упатувам благодарност до општина Штип, фудбалскиот клуб Брегалница и Општинскиот фудбалски Сојуз за поддршката и помошта која ја даваат во реализација на проектот. Со нивна помош и поддршка од ФФМ и УЕФА, Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.