Објавено на 08 Ноември, 2024 во Вести
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, денеска, заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев, во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Фатмир Деари, официјално го означи почетокот на изградбата на новата трибина на стадионот на ФК Влазерими во Кичево.
Проектот предвидува модерна трибина со капацитет од околу 1.500 седишта, која ќе ги задоволи меѓународните стандарди и ќе овозможи простори под трибината, како што се соблекувални, канцеларии за службени лица и други потребни простории. Заедно со веќе изграденото помошно игралиште со вештачка трева, оваа инвестиција ќе ја претвори оваа област во вистински фудбалски комплекс кој ќе придонесе за развојот на спортот во регионот.
Инвестицијата, со вкупна вредност од околу 1,3 милиони евра, е обезбедена преку програмите на УЕФА „Хет-трик“.
Претседателот Сејдини се заблагодари на градоначалникот Деари и општинската администрација за поддршката и навременото подготвување на документацијата, што значително придонесе за започнување на реализацијата на овој значаен проект.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....