Објавено на 01 Октомври, 2018 во Вести, Семинари
Центарот за едукација на тренери на Фудбалската Федерација на Македонија отвора упис на тренери-кандидати за добивање на Национална лиценца за фитнес тренери во фудбал. Курсот за оваа лиценца ќе се организира во два семинари. Првиот семинар е закажан за 29. до 31. октомври 2018. каде што покрај домашни презентари ќе има и УЕФА инструктор за физичка подготовка на млади фудбалери. Курсот чини 200 евра, односно уплата по 100 евра за секој од двата семинари. Уплатата се врши на сметка на Фудбалската федерација на Македонија. Заинтересираните кандидати треба да достават лично барање за упис со прилог документи за исполнување на условите. Услови за упис:
-УЕФА Б Диплома или Факултет за физичко образование, спорт и здравје;
-Биографија на кандидатот со детали за образование и работно исксутво;
-Копија од уплатница за прва рата од 100 евра во денарска противвредност;
-Потврда дека кандидатот не е осудуван;
Во барањето за упис, кандидатите задолжително да наведат телефонски број и валидна електоронска пошта.Уписот трае до 19. октомври 2018. По завршување на уписот ќе се формира групата која максимално може да биде со 25 тренери -кандидати. Доколку се пријават повеќе кандидати, предност ќе имаат оние кои во последните 5 години работеле најмалку 2 во фудбалски клуб.
Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:
300-000001599760 Комерцијална Банка
Примач: ФФМ – Скопје
Цел на дознака: За курс за фитнес лиценца
Повеќе информации во врска со курсот заинтересираните можат да добијат на e-mail: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk