Објавено на 03 Септември, 2018 во Вести, Семинари
Центарот за едукација на тренери на Фудбалската Федерација на Македонија отвора запишување на тренери-кандидати за добивање на УЕФА Б Диплома. Заинтересираните кандидати треба да достават барање за запишување во прилог на кое ќе ги приложат и следниве документи за исполнување на услови:
Во барањето за запишување кандидатите задолжително да наведат телефонски број и валидна електорнска пошта.Запишувањето трае до 17 Септември 2018, по завршување на запишувањето ќе се формира групата која може максимално да биде со 30 тренери-кандидати. Примените кандидатите ќе добијат информација за место и датум одржување на првиот дел од курсот кој трае 7 дена а присуството на истиот е задолжително.
Уплатата се врши на жиро сметката на ФФМ:
300-0000015997-60 во Комерцијална Банка со цел на дознака: За УЕФА Б Курс
Повеќе информации во врска со курсот заинтересираните можат да добијат по електронски пат на следната адреса: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk.