Објавено на 14 Октомври, 2015 во Вести
На прес-конференцијата што се одржа денес во ФФМ, учествуваат и претставници на повеќе организации и фудбалски клубови кои оваа година имаат свои активности во рамките на ФАРЕ Акционата недела.
Генералниот секретар на ФФМ, Г-дин Филип Поповски во своето излагање подвлече:
Фудбалската федерација на Македонија задолжена за организација на фудбалската игра ов нашата земја дава целосна поддршка на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени.
И претседателот на УЕФА, Мишел Платини истакнува дека УЕФА е посветена на дејствување против секоја форма на дискриминација во фудбалот, и ги охрабруваме фудбалските навивачи да ни се придружат во нашите напори за вреднување на респектот кон играчите, официјалните лица, противниците и останатите навивачи од сите националности, религии, сексуална ориентација и етничко потекло. Веќе повеќе од 10 години работиме заедно со ФАРЕ мрежата и ќе продолжиме да се залагаме за единство во фудбалот.
Во рамките на членството во УЕФА ние како федерација сме обврзани да се грижиме за развојот на играта и за надминување на сите видови на наруќувања. ФФМ актинво учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во фудбалот а го истануваме и задоволството од соработката со Македонскиот центар за култура и развој како национален ФАРЕ Координатор.
ФФМ во континуитет јапромовира и организира кампањата 100% фудбал,во чии рамки беа организирани неколку округли маси на почетокот на оваа година, на кои учество земаа клубовите, навивачките групи, претставници од министерствотозавнатрешниработи и претставници на службите на безбедност на ФФМ. Целта на овие округли маси беше да сепредложатмерки и пристапизаградењенаврвниодносисонавивачкигрупи и развивањенафанкултуратавонашатаземја, и конечно да се искоренат насилството, национализмот и секаков вид на дискриминација на фудбалските терени.
Нелко Нелковски во своето обраќање рече:
Национализмот и расизмот се девијантни појави кои за жал го обременуваат современиот фудбал. Во оваа смисла, МЦКР како национален ФАРЕ координатор веќе 15 години ја организира ФАРЕ Акционата недела во соработка со ФФМ. Традиционално, на сите натпревари во првата и втората фудбалска лига ќе бида изнесени транспаренти и ќе бидат покажани црвени картони со натпис „Национализмот и расизмот надвор од фудбалот„. ФАРЕ е демократска организација која функцинира на европско ниво и во која учествуваат повеќе од 400 организации и фан групи од нашиот континент. Во оваа смисла МЦКР, во рамките на програмата „ЗДРАВ СПОРТ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО„ посветено продолжува во борбата против овие девијантни појави на спортските терени во нашата земја.
Во рамките на прес конференцијата, претставување на своите активности во ФАРЕ акционата недела имаа и претставници на фудбалските клубови „Напредок„ од Шуто Оризари и „Даме Груев„ од Скопје.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....