Објавено на 17 Септември, 2015 во Вести, До 19 год
Љубителите на македонскиот фудбал денеска од 11.00 часот ќе имаат можност вториот контролен натпревар меѓу селекциите на Македонија и Босна и Херцеговина до 19 години да го проследат во живо преку интернет страната на фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk.
Во првиот контролен натпревар одигран меѓу двете репрезентации, Босна и Херцеговина издвојува победа од 5:2. За Македонија овој меч претставува последна проверка спроти квалификацискиот турнир кој огранизираме во Скопје од 7 до 14 Октомври за пласман на Европското првенство - елитна рунда. Контролниот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....