Во третото финале „СЕЕ Универзитет“ од Тетово стигна до првиот пехар во футсал купот на Македонија

Објавено на 26 Мај, 2014 во Вести

„СЕЕ Универзитет“ од Тетово е освојувач на македонскиот футсaл куп. Тие во возбудлив и интересен натревар беа подобри од „Црна Река“ од Кавадарци со 5:3 (1:0). Ова беше трето финале за тетовчани и прв освоен куп.

Головите за СЕЕ Универзитети ги постигнаа: Самир Рамадан, Садам Саити, Исмет Чека и Албен Алија (два гола), додека за за Црна Река погодоците ги постигнаа: Попов,Николовски и Златев.

Сосема очекувано кога станува збор за финални средби првото полувреме помина во тактичко надмудрување на двете екипи. Единствениот гол за освојувачот на македонскиот куп во првите дваесет минути го постигна капитенот Самир Рамадани по прекрасно изведениот слободен удар. Тоа ги принуди кавадарчани да се отворат, што футсал играчите од Тетово го искористија и со два „брзи голови“ во 22 и 25 минута ја најавија победата. До крајот на натреварот двете екипи постигнаа по два погодоци.

"Оваа година славиме 10-годишнина на клубот. Со пласманот на второто место и победата во финалето на купот постигнавме голем успех. Благодарност до навивачите кои нѐ поддржуваа и кои допатуваа во Кочани да нѐ бодрат. Дополнителен стимул на нашите играчи беше присуствот на ректорот Замир Дика. Бевме подбар противник и наполно заслужено стигнаме до победничкиот пехар. ", истакна тренерот на победничката екипа  Јонузи.

По завршувањето на натпреварот Пратеникот во Собранието на Република Македонија Иван Иванов од Кочани на капитенот на тетовчани Самир Рамадани му го врачи победничкиот пехар, а на останатите играчи од двете екипи медалите.




   
   
А репрезентација