Објавено на 30 Октомври, 2015 во Билети, Вести
Билетите за претстојните два контролни дуела на нашата репрезентација против Црна Гора на 12 ноември во 18:00 часот, Либан на 17 ноември во 13.00 часот, на националната арена „Филип Втори", и квалификацискиот натпревар на македонската репрезентација до 21 година против Франција на 15 ноември со почеток од 13.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски" oфицијално ќе бидат пуштени во продажба на 2 ноември, во понеделник.
Цената на влезниците на двата контролни натпревари на нашата А селекција изнесува 200 денари, додека влезницата за квалификацискиот дуел на нашите млади фудбалери против Франција изнесува 100 денари. Картите може да се купат на штандот на ФФМ во Skopje City Mall, на влезот во Куќата на Фудбалот, како и на сите продажни места на MkTickets и електронски на следниот линк: http://mktickets.mk.
Продажни места на МК Тикетс:
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....