Објавено на 21 Февруари, 2019 во А репрезентација жени
На 21. Февруари, 2019 во европската куќа на фудбалот во Нион беше одржан ждребот за квалификациите за женското европско првенство кое ќе се одржи во 2021 година во Англија.
Македонската женска А репрезентација беше извлечена од петтиот шешир во групата Г каде за противници ги доби Франција, Австрија, Србија и Казахстан.
Квалификациите ќе се одигруваат во периодот од август, 2019 до септември, 2020 година. Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат сите победници од 9те квалификациски групи, како и трите најдобри второпласирани. Останатите шест второпласирани ќе играат бараж за пополнување на последните три места и приклучување кон диркетно квалификуваните и домаќините Англија.
Рекорден број од 47 репрезентации го пријавија своето учество во овие квалификации, кои за прв пат ќе се играат во ваков обем.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....