Објавено на 30 Јули, 2014 во Вести
Комесарите и замениците
комесари на клубовите од Прва и Втора МФЛ во „Куќата на фудбалот“ одржаа работилница на
тема – Безбедност и сигурност на фудбалските натпревари. На состанокот со
претставниците на клубовите, лицата од службата за безбедност при Фудбалската
федерација на Македонија укажаа на потребата од почитување на насоките и
кодексот кон кој се стреми ФФМ во однос на прашањето за безбедност на
натпреварите, напоменувајќи дека веруваат дека и клубовите го делат мислењето
дека низ почитување на законите и подобрувањето на инфраструктурата може да се
постигне подобра сигурност за сите оние кои заслужуваат да имаат право слободно
да навиваат за своите клубови, а притоа да не бидат загрозени од оние чија
намера е искажување на насилно однесување и загрозување на спортот.
Претставниците на клубовите полагаа и тестови за стекнување на Комесар за
безбедност.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....