Објавено на 23 Ноември, 2016 во Вести
Центарот за Едукација при Фудбалска Федерација на Македонија го започна семинарот за добивање на Национална Ц тренерска лиценца, кој се одржува во Х. Континентал – Скопје и на ФФМ Тренинг Центарот Петар Милошевски.
Семинарот го отвори Претседателот на ФФМ кој уште еднаш потенцираше дека влогот во идните генерации фудбалери и репрезентативци е приоритет на ФФМ а ова првиот чекор од тој пат. Потенцираше и даде на значење дека тренерите кои се присутни на овој семинар, а тоа се тренерите во детските лиги каде партиципираат деца на возраст од 8 до 12 години, ги тренираат нашите идни фудбалски таленти и затоа пристапот кон оваа работа и нивна посветеност се многу важни за иднинита на македонскиот фудбал и порача дека ФФМ и понатаму ќе вложува и помага во фудбалскиот развој.
Семинарот продолжува денес каде напрограма е практично – теоретска презентација од Оливие Доља, Координатор за развој на УЕФА, како и теоретска презентација од Вујица Живковиќ ПроДекан за настава на Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје.