Објавено на 10 Март, 2016 во Билети, Вести
Горан Пандев, Александар Трајковски, Агим Ибраими, Иван Тричковски и останатите фудбалери од составот на Игор Ангеловски ги очекуваат два пријателски натпревари против Словенија и Бугарија. Дуелот против Бугарија го играме на домашен терен.
Македонија - Бугарија
Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 29. март во 19.00 часот
Цена на билети: 100 денари
Од петок, 11.март 2016 година во продажба ќе бидат пуштени влезниците за натпреварот
Македонија – Бугарија кој ќе се одигра на 29. март на Националната
арена „Филип Втори“ во Скопје.
Влезниците по супер промотивна цена од 100 денари можете да ги купите во сите продажни места на „МК Тикетс“, како и преку интернет продажба.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....