Витаминка - нов партнер на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 11 Април, 2025 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови - Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации. 

Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.

Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига - најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.

Масар Омерагиќ - претседател на ФФМ:

Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“

Сашо Наумоски - генерален директор на Витаминка:

Со голема радост се приклучуваме кон фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, ќе бидеме уште поблиску до децата и ќе придонесеме кон нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство ја отсликува нашата посветеност кон заедницата и спортот.“

Фудбалската федерација на Македонија и Витаминка започнуваат заедничка иницијатива која ќе ги инспирира најмладите генерации да растат здраво, активно и со спортски дух.

Добредојдовте, Витаминка - заедно градиме силна иднина!





   
   
А репрезентација