Дечињата од скопските градинки „Срничка“ и „Бубамара“ имаа можност да се запознаат со комплексот на Фудбалската федерација на Македонија. Најмладите љубители на фудбалот ја почувствуваа работната атмосфера во „Куќа на фудбалот“, разговараа со луѓето од ФФМ кои на различни начини ги подготвуваат фудбалските активности. Дечињата на еден од четирите терени го посетија тренингот на младите фудбалери од Академијата на ФФМ, ги видоа и се запознаа со условите во кои работат и се организираат тренинзите, го посетија фитнес центарот, одделот за складирање и чување на целокупната опрема, потоа работните простории на администрацијата и на селекторите во националните тимови.
Во продолжение видеото од посетата на дечињата во комплексот „Куќа на фудбалот“.