Ви благодариме!

Објавено на 11 Јуни, 2019 во Вести, Вести


Фудбалската Федерација на Македонија сака да упати искрена благодарност до сите навивачи, сите љубители на фудбалот кои беа присутни на Националната Арена Тодор Проески за натпреварите со Полска и Австрија. Ви благодариме што во толкав број покажавте како се сака и се бодри нашата репрезентација со срце, и во победите, но и во поразите.

Искрена благодарност и до сите служби кои беа вклучени во беспрекорната организација на натпреварите. Особена благодарност до Министерството за Внатрешни работи и службите на Националната Арена Тодор Проески. Сите оценки од страна на УЕФА укажуваат на тоа дека ние како држава сме подготвени на највисоко ниво да организираме натпревари оценети како висок ризик, и со тоа да бидеме пример за останатите земји и федерации во регионот и  во Европа.

Се надеваме дека и во иднина ќе ја имаме поддршката и од вас, навивачите, и од службите кои беа дел од тимот на организација на натпреварите, дека ќе покажеме сплотеност на теренот, но и надвор од него - обединети во радоста која ја носи фудбалот!



   
   
А репрезентација