Објавено на 07 Јануари, 2015 во Футсал
По нерешениот натпревар против Молдавија,и победата против Естонија избраниците на селекторот Скендеровски вечерва ќе треба да го потврдат квалитетот со кој располага нашиот футсал тим. Иако репрезентацијата на Полска е фаворит на овој натпревар,нашите репрезентативци се уверени дека можат да му парираат на домаќинот и да го освојат овој турнир. На повреда се жалат Мицевски и голманот Удовалиев, но најверојатно ќе бидат во комбинација за вечерашната пресметка.
Репрезентацијата на Полска ќе биде одлична можност за нашиот тим, за да се провери квалитетот во пресрет на мартовските квалификации за ЕП во Србија. За потсетување, македонската футсал репрезентација ќе биде домаќин на овие квалификации во март оваа година, а противници ќе ни бидат Шпанија, Унгарија и најдобро пласираната втора репрезентација од пред-квалификациите.
Денешниот натпревар ќе можете да го следите во живо на:
https://www.youtube.com/watch?v=diuqmXfQq9Y