Објавено на 01 Декември, 2014 во Вести
Официјалниот веб сајт на Фудбалската Федерација на Македонија е номиниран во две категории „ Најдобар дизајн " и „ Најдобар спортски сајт ".
На 24 Ноември започна гласањето од интернет посетителите за најдобрите веб сајтови за 2014 година. Секој интернет посетител може да распредели по три гласа во секоја категорија и тоа по 10, 6 и 2 поени. Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.
Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по петти пат оваа година.
Можете да гласате за веб сајтот на Фудбалската Федерација на Македонија (ffm.mk) на следниот линк - http://sajtnagodinata.mk/ .Треба да се пријавите со вашата електронска пошта и откако ќе се пријавите, на вашата електронска пошта ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш.