Објавено на 07 Март, 2019 во Вести
В.Д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски одржаа состанок со амбасадорот на Република Мексико од Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко и почесниот конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи во хотел „Парк“ во Скопје.
Во таа пригода првиот човек на ФФМ му врачи дрес од македонската репрезентација на амбасадорот од Мексико истакнувајќи дека „Амбасадорот Гарсија Бланко е голем поддржувач на фудбалот и нас ни е мило што добивме пријател кој е влијателен во еден сериозен и моќен фудбалски сојуз како мексиканскиот. Овој продуктивен состанок секако ќе биде од помош за отворање врата за соработка меѓу двете федерации на различни полиња. ФФМ како мала федерација секогаш е подготвена да ги слушне и користи искуствата на големите фудбалски сојузи, како мексиканскиот кој „произведува“ фудбалери од светски ранг, а нивната репрезентација речиси секогаш е дел од големите натпреварувања, изјави в.д. претседателот на ФФМ. Муамед Сејдини дополни дека „Мексико е една од атрактивните репрезентации и на состанокот секако стана збор за евентуален пријателски натпревар меѓу нашата најдобра селекција и Мексико, но исто така разговаравме и за можноста да го споделиме искуството во однос на работата со младите фудбалери и репрезентации“.