ВАЖНА ВЕСТ за селектирањето за ФФМ-УЕФА Академијата

Објавено на 11 Септември, 2020 во Вести


Фудбалската Федерација на Македонија започнува со процес на селектирање на кандидати за ФФМ-УЕФА академијата, информацијата можете да ја погледнете тука

Фудбалската Федерација на Македонија иако смета дека сите кандидати кои ќе дојдат на селектирањето веќе имаат напревено лекарски прегледи и имаат потврда дека се способни за тренинг и натпревари, сепак бара секој кандидат кога ќе биде евидентиран, на одговорното лице на ФФМ покрај Изјавата за одговорност потпишана од родителите, да достави и копија од лекарскиот преглед или спортската легитимација каде што лекарскиот преглед е заверен.

Сите кандидати кои нема да донесат комплетирана изјава и копија од лекарски преглед нема да бидат земени во предвид за селектирањето.



   
   
А репрезентација