Објавено на 22 Февруари, 2019 во Вести
На состанокoт на одборот на прволигаши кој се одржа на 22. февруари во куќата на фудбалот единствена точка на дневен ред беше законот за донации во спорт и ваучерскиот систем.
Порај претставниците на клубовите на состанокот беа присутни и в.д. Претстедателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповкси, како и претставникот на владата Даниел Димевски. На покана на одборот на прволигаши, како гости исто така беа присутни и екипи, претставници од Втора МФЛ.
На средбата, претставникот на владата го објасни системот за доделување на ваучери од страна на државата на средствата во висина од 6.000.000 евра за сите спортови.
Констатацијата на клубовите беше дека критериумите кои се бараат во правилникот изготвен од Агенцијата за Млади и Спорт се премногу високи за фудбалските екипи. Тие исто така забележаа дека сумата за распределба која следува на фудбалските екипи е премала. В.д Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини потенцираше дека ќе го подржи секое барање на екипите на Прва и Втора МФЛ.
На крајот на средбата беше договорено да се изготви барање заедно со ФФМ и на некој начин доколку е можно да се издејствува во иднина промена на критериумите за доделување на ваучери прилагодени на специфичностите на фудбалот, независно од другите спортови. Беше договорено подготовката на ваквото барање да се разгледува на следната средба закажана за петок, 01.03.2019 година во Фудбалската Федерација на Македонија.