Објавено на 25 Февруари, 2015 во Вести
Пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона во Првата и Втората фудбалска лига, претседателот на Натпреварувачката комисија на ФФМ, Васко Дојчиновски говори за важните активности кои беа реализирани во изминатиот месец со цел да имаме поквалитетни и подобро организирани натпревари во двете конкуренции.
-Комисијата за натпревари на 11. февруари одржа редовен семинар со делегатите на натпреварите од Прва и Втора МФЛ. На семинарот беа изнесени заклучоци од досегашниот тек на првенството и дадени инструкции за евентуални непријатни ситуации на стадионите како и постапки за справување со нив согласно критериумите преземени од натпреварувањата организирани од страна на УЕФА. Посебно внимание беше посветено на борбата против лажираните натпревари, улогата на делегатите во спречувањето на таквите тенденции и координацијата со останатите овластени институции.Во делот на безбедноста беше опишана улогата на делегатот во активностите против насилното однесување како и расистичко, национално навредување, односно скандирање на трибините. Се истакна важноста на комуникацијата меѓу делегатоти судиите, на нивната синергија и заедничка улога во случај одреден натпревар да треба да се прекине.
Одговорниот во Комисијата за натпреварување на ФФМ како многу важен сегмент во насока на подобрување на квалитетот на натпреварите и поголема неизвесност на првенствата ја потенцира промената на системот на натпревари.
-Првенството е организирано во четири круга. Првите два се класични (дома/гости), третиот е според „Бергер таблица“ за десет клубови, а четвртиот е поделен во две натпреварувачки групи. Првата, плеј-оф (шест екипи) група повторно според Бергер таблица игра еден натпревар меѓу себе, додека втората, плеј-аут група (четири клуба) игра два натпревари меѓусебно. Досегашниот тек на првенството, иако е сеуште рано за заклучоци, го покажува силниот натпреварувачки карактер на лигата и можноста за неизвесно првенство до самата завршница. Бројот на екипи кои директно ќе ја напуштат лигата и борбата во плеј-аут фазата е поголем од останатите лиги во Европа со ист број на клубови, што посебно ја потенцира неизвесноста.
Дојчиновски го потенцира воведувањето на Comet систем кој во значителна мера влијае за подобра организација на натпреварите и лигата.
-За нас е многу значајно што успеавме да го имплементираме Comet системот. Оваасофтверска апликацијакоја веќе втора натпреварувачка сезона се користи, во голема мера ја забрзува работата на клубовите и Фудбалската федерација на Македонија и ја доведува организацијата на едно повисоко и помодерно ниво. Одзивот е максимално позитивен.
Инфраструктурното подобрување на стадионите е уште еден многу важен дел за подобрување на квалитетот на лигата.
-Инфраструктурното прашање ги надминува рамките на една натпреварувачка сезона. Може да се констатира дека проектот „10 вештачки терени“ се покажува како исклучително корисен за клубовите, не само за тренинг, туку и за првенствени натпревари од низок ризик. Имплементацијата на „ХЕТ - трик 4“ програмата под покровителство на УЕФА, ФФМ во соработка со локалната самоуправа дополнително треба да ги подигне стандардите и условите за квалитетни натпревари на модерни терени под осветлување според последни стандарди. Треба малку време, во блиска иднина да се дочекаат првите резултати.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....