Објавено на 26 Февруари, 2025 во Куп на Македонија, Вести
Вардар, Шкендија, Струга Трим Љум и Брера А.П. се полуфиналисти во Купот на Македонија.
На денешните мечеви од ¼ финалната фаза од натпреварувањето, фудбалерите на Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ го совладаа Силекс со 1:0. Пласманот меѓу четирите најдобри екипи, нашиот најтрофеен клуб го обезбеди со голот на Данел Донгмо во второто полувреме.
Екипата на Струга Трим Љум ја искористи предноста на домашниот терен и во дербито од оваа фаза од Купот на Македонија славеше над Гостивар со 1:0. Кехинде го постигна погодокот за победа на актуелниот првак.
Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Радовиш кај Детонит Плачковица. Шала во 23. минута беше човек на одлука за триумф на тетовчани. Адеми не искористи пенал за 2:0.
Фудбалерите на Брера А.П. подобро шутираа пенали од Арсими и со 4:3 славеа во четвртфиналниот дуел. Струмичани поведоа во првиот дел со голот на Нзенгуе, меѓутоа Арсими израмни преку Таипи и се изборија за пенали. Брера А.П. имаа повеќе концентрација, промашија само еден удар од 11 метри наспроти двата на Арсими и ќе играат полуфинале.