Објавено на 31 Мај, 2017 во Вести
Вардар прослави нова шампионска титула во својата историја.
Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар ја добија шампионската круна за најдобра екипа во сезоната 2016/2017 година во Прва МФЛ. Најтрофејниот наш фудбалски колектив ја завршија сезоната со освоени 83 поени, со скор од 25 победи, осум нерешени средби и три порази.
Својот фудбалски сон го живее Академија Пандев. Струмичани како дебитанти во Втората лига го освоија првото место за пласман во Првата македонската фудбалска лига.