Вардар го совлада Скопје и обезбеди место во Прва МФЛ

Објавено на 21 Мај, 2023 во Вести


Вардар ќе игра во Прва МФЛ во следната натпреварувачка сезона. Нашиот најтрофеен клуб убедливо со 3:0 славеше во бараж натпреварот против Скопје за место во Прва МФЛ. 
На стадионот во Кавадарци, Вардар заслужено се радуваше на пласманот во најдобрата конкуренција откако со два гола на Размоски и еден на капитенот Глишиќ го победи досегашниот прволигаш, Скопје. 
Првиот погодок се случи во 4. минута по центаршут на Глишиќ и мешаница во петерецот на Скопје, топката заврши кај Размоски кој умешно ја смести во мрежата на Ефремов.

Негативата од еден гол, Скопје се обиде, но не успеа резултатски да ја стигне и поради црвениот картон на Тодоров пред крајот на првото полувреме. Фудбалерот на Скопје поради неспортски однос (фрли факел кон публиката, откако навивачите на Вардар направија кореографија со пиротехника) заработи црвен картон и исклучување. 
Во 50. минута, 2:0 за Вардар. Размоски по втор пат го совлада Ефремов откако доби топка од Десниќ, а ја искористи и лошата интервенција на голманот и одбраната на Скопје. Конечниот резултат Вардар - Скопје 3:0 го постави Дарко Глишиќ во 59. минута, откако беше прецизен по досуден слободен удар за Вардар на шеснаесеттина метри од противничкиот гол. 





   
   
А репрезентација