Објавено на 28 Ноември, 2015 во А репрезентација жени
Во пресрет на ова тешко гостување разговаравме со селекторот Ванчо Балчевски, како и со Наташа Андонова и Гентијана Рочи.
„Шкотска е фаворит на овој натпревар, како што покажаа и во Скопје каде извојуваа победа. Се надевам дека на утрешниот натпревар ќе креираме добра игра, како на натпреварот против Белорусија пред три дена во Скопје. Ќе дадеме максимум и ќе го искористиме комплетниот потенцијал со кој располага оваа репрезентација“ - изјави селекторот Ванчо Балевски.
„Се надевам на добра игра, девојките ќе дадат се од себе да ги повториме добрите моменти од играта со Белорусија“ - накусо изјави капитенката Наташа Андонова.
На натпреварот против Шкотска во Скопје, единствениот погодок за нашата репрезентација го постигна Гентијана Рочи, што воедно е и единствениот погодок во досегашните квалификациски натпревари за нашата репрезентација. Во пресрет на гостувањето во Шкотска таа изјави: Секогаш е тешко да се игра против Шкотска. Тие се одлична репрезентација. Во овој момент единствено се надевам дека и јас и колешките од репрезентацијата ќе прикажеме добра игра и дека ќе го дадеме максимумот со една тимска игра.
Натпреварот ќе биде одигран на 29.11.2015 г. со почеток во 15.00 часот.