Ваљмир Нафиу му се става на располагање на селекторот Милевски

Објавено на 26 Мај, 2015 во Вести, До 21 год

Ваљмир Нафиу, напаѓачот на кипарскот првак Апоел ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година за првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП на гостувањето во Исланд.

Нафиу се рехабилитираше од повредата на грбот и од 3. јуни ќе ги започне подготовките со младата селекција во Охрид.

-Во изминатиот период имав повреда на грбот која ми создаваше проблеми и поради која не бев дел од тимот на Апоел на финалниот натпревар од Купот на Кипар, повреда која првично значеше и дека нема да бидам во можност да и помогнам на репрезентацијата на Македонија на гостувањето во Исланд. Но, сега сум во ред, примав инекции, целосно ги одработував тренинзите со тимот и се радувам што ќе бидам дел од репрезентацијата за важниот дуел со Исланд. Во Охрид пристигнувам на 3. јуни, се надевам дека ќе работиме добро, ќе бидеме сконцентрирани на тренинзите и сите ќе ја сфатиме шансата која ни се укажува да направиме добар резултат. Имаме доволно време до натпреварот, но најважно е да бидеме здрави и подговтени за голема борба со Исланд, вели Нафиу.

Нашата селекција подготовките за првиот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство ќе ги започне на 29. мај со фудбалерите кои завршуваат со клупските обврски до 27. мај. Селекторот Милевски ќе ги има на раполагање сите повикани играчи на 3. јуни на собирот во Скопје. До 8. јуни македонската репрезентација ќе се подготвува во Охрид, а на 9. јуни патуваат за Исланд. Натпреварот се игра на 11. јуни во Хафнарфјордур.




   
   
А репрезентација