Објавено на 25 Октомври, 2016 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската
федерација на Македонија на седницата одржана на 25. октомври 2016 година утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за
постигнатиот успех - пласман на ЕП во Полска 2017 година. Со ова вкупниот фонд
за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот
циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во вкупен износ од 230.000 Евра.
„Настапот на
репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно,
игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу
решение за паричната награда. Клучно е она
што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди
на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им
посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот
припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот
одбор на ФФМ.