Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца

Објавено на 11 Мај, 2015 во Вести, Семинари


Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот.

Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:

-Копија од важечка УЕФА Б Диплома

-Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа.

-Важечко лекарско уверение

-Уплатница за прва рата (200 евра во денарска противвредност)

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ: 300000001599760 во Комерцијална Банка со назнака за курсот за кој се пријавува

По комплетирање на групите, Центарот за Едукација ќе ги потврди точните термини за одржување на курсевите кои се планираат за втора половина на месец Мај и месец Јуни 2015

Дополнителни информации можете да добиете на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mkи 02/3231537






   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација