Објавено на 05 Септември, 2015 во Семинари
Учество земаа 120 тренери и кооординатори на клубови кои работат во младинските екипи, како и селекторите на националните репрезентации на ФФМ, кои на Мелендез му дадоа огромен аплауз уште пред семинарот да започне.
Своето експертско ниво Гинез го потврди со неколкуте теоретски презентации како и праткичната демонстрација, која ја изведе со играчите од ФФМ Академија родени 1997 година, за тоа како Шпанската федерација работи со младинските национални селекции. Тренерите не го криеја своето задовослтво од присуството на овој шпански стручњак и за него имаа многу прашања.
Ги известуваме сите тренери кои се пријавија за посета на семинарот на 6ти и 7ми Септември, дека поради обврски на Гинес Мелендез со Шпанската репрезентација во Понеделник, програмата од понеделник се префрла во недела и сите презентации ќе бидат прикажани 06.09.2015 г.
Ги информираме сите тренери кои сакаат да земат учество на утрешниот ден, да бидат во конференциската сала на СЦ јане Сандански најдоцна во 08.45 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....