Објавено на 14 Јули, 2015 во Вести
Фудбалската Федерација на Македонија во период до 25. август 2015 година
ќе овозможи сите љубители на репрезентативниот фудбал да купат по промотивна
цена билет за натпреварот на Македонија против Шпанија, една од најдобрите
репрезентации во светот. Најголемиот дел од билетите се со цена од 150 денари
на источната и западната трибина, до 300 денари на северниот и јужниот дел од
трибината. Сосема мал дел од билетите ќе бидат со цена од 400 денари. ФФМ се
реши за овие популарни и исклучително ниски цени со цел да овозможи овој
натпревар во живо да го гледаат што поголем број на љубители на фудбалот и тоа
на ден кој е посебен за македонскиот народ, 8. септември, ден на независноста
на Македонија. На 8. септември сите на стадион, заедно да навиваме и да ги
бодриме нашите репрезентативци. Цените се по промотивна цена до 25. август 2015
година.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....