Објавено на 03 Јануари, 2017 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го закажа
терминот за Редовното изборно собрание на ФФМ за 18. февруари 2017 година. Највисокото тело на Фудбалската федерација на Македонија меѓудругото ги усвои
извештаите за работата на телата и органите на федерацијата и извештајот за работата
на младинските национални селекции.